СКОПСКИ ГРАДСКИ ФЕСТИВАЛ ПО ВТОР ПАТ Настапуваат врвни музичари од регионот

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје.

291

Второто издание на Скопскиот градски фестивал ќе се одржи на Школка во Градски парк, во сабота, во организација на Баги Комуникации.

Исто како и минатата година, и ова второто издание на Фестивалот донесува возбудливо музичко искуство кое ќе ни го овозможат најдобрите балкански и европски музичари.






На фестивалот ќе биде одржана промоција на новио албум „Fragments“ на Зулу3.4 –најдобрата македонска fusion група составена од извонредни музичари.

Зулу 3.4 е инструментален бенд од Скопје, основан во март 2018 година од тројца млади љубители на џезот, чија цел беше да создадат уникатен звук преку спојување различни стилови и да внесат свежина на македонската музичка сцена.

Во дуо ќе настапат и Васко Атанасовски од Словенија и Васил Хаџиманов од Србија со најдоброто.

Васко Атанасовски е водечки словенечки и европски саксофонист, а Васил Хаџиманов е најдобриот светски џез-пијанист на електрично пијано.

Како гостин од Грција Танос Ставридис, водечкиот грчки музичар, факултетски професор и еден од најдобрите европски инструменталисти на хармоника, лидер на групата „drom” составена од исклучителни грчки музичари. Тој ќе го промовира својот нов албум „Spicey Margarita”, прогласен за еден од најдобрите европски World music албуми во 2021 година.

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје. Медиумски партнер е Слободен Печат.

Фестивалот е бесплатен за публиката а организаторите препорачуваат одговорно следење и почитување на препораките за заштита од ковид 19.

Поврзани содржини