СКОПСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК ВКЛУЧЕН ВО МИЛИОНСКИ СКАНДАЛ Полицијата поднесе кривична пријава против 6 лица
Со потписите на градоначалникот и членовите на комисијата, било издадено решение за утврдување на правен статус на бесправниот објект, со што на правното лице му било овозможено да стекне имотна корист од околу 147 милиони денари“. информираат од МВР.
Во нова афера поврзана со корупција, се најде градоначалник на една од скопските општини. Според информации од МВР, против него и пет негови соработници, како и едно правно лице, е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување.
Соработката помеѓу Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал довела до откривање на овој случај. Истрагата покажала дека групата, во која освен градоначалникот спаѓаат и пет вработени во Секторот за урбанизам во општината, овозможила на едно правно лице да легализира бесправно изградени тениски терени, иако тоа е спротивно на важечките закони.
„И покрај тоа што тениските терени се временски објекти и не можат да бидат предмет на легализација, комисијата, во чиј состав биле вработените од општината, констатирала дека истите ги исполнуваат условите за легализација. Потоа, со потписите на градоначалникот и членовите на комисијата, било издадено решение за утврдување на правен статус на бесправниот објект, со што на правното лице му било овозможено да стекне имотна корист од околу 147 милиони денари“. информираат од МВР.