Според информациите на Министерството за здравство и во изминативе 24 часа најмногу заболени има во Скопје и тоа 41 од вкупно 87 новозаразени. Во другите седум градови каде има новозаразени бројката е четири и повеќе пати помала отколку во главниот град.
Во Куманово има 12, Штип 16, Тетово 10, Струга 1, Охрид 2, Гостивар 1, Пробиштип 4.
Од скопските општини се уште предводи Чаир каде заклучно со вчера има 192 активни случаи. Во Бутел 68, Центар 66, Гази Баба 63, Аеродром 61, Карпош 57, Сарај 55, Кисела Вода 37, Ѓорче Петров 23, Арачиново 23, Шуто Оризари 21, Студеничани 20, Илинден 18, Петровец 6, Чучер Сандево 3, Сопиште 2, Странец 2.