Скопската пожарна се „бори“ и со лажни пријави за пожари

Десетици пожари горат во нашата земја, а според Центарот за управување со кризи (ЦУК), жариштата се активни во регионот на Битола, Струмица, Куманово и Штип, во источниот дел на земјата и на уште неколку места.

422

Противпожарната бригада на Град Скопје утрово се пожали дека во текот на вчерашнито ден добиле 29 пријави за пожари на територијата на главниот град.

– Од нив 22 пожари се со интервенција и нивно гаснење и локализирање навремено, меѓу кои и фабриката ОХИС каде се употребија повеќе возила и пожарникари. Седум пријави за пожар беа ЛАЖНИ. Меѓу другото сѐ уште имаме екипи од БППЗ-Скопје во Пехчево-Берово – се вели во објавата на скопската Пожарна.






Десетици пожари горат во нашата земја, а според Центарот за управување со кризи (ЦУК), жариштата се активни во регионот на Битола, Струмица, Куманово и Штип, во источниот дел на земјата и на уште неколку места.

Поради зголемениот број пожари, Владата прогласи кризна состојба на територијата на целата земја во траење од 30 дена.

Од вторникот, исто така на сила е целосна забрана за движење во шумските области во целата земја.

Поврзани содржини