„СКОПЈЕ ЗАСЛУЖУВА РЕШЕНИЈА, НЕ ДЕМАГОГИЈА“ Орце Ѓорѓиевски одговори на обвинувањата за избегнување дебата

Ѓорџиевски ја демантираше тезата за избегнување дебата, истакнувајќи дека градот има потреба од конкретни решенија, а не празна демагогија.

386

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ги демантираше обвинувањата дека избегнал дебата со противкандидатот од Левица, Амар Мециновиќ.

– Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје. Добро знаете, никогаш не бегам од ништо – истакна Ѓорѓиевски.






Тој појасни дека веќе се одржала дебата меѓу него и Мециновиќ, по која, како што рече, станале јасни ставовите и концептите на двата кандидати.

– Евидентно е ниското ниво на политичка култура, присутната безидејност и недостигот на планови кај кандидатот Амар Мециновиќ. Секоја следна дебата би била натпревар помеѓу концепт за Скопје, претставуван од мене и ВМРО-ДПМНЕ, и демагогија, празна реторика и отсуство на план, што се карактеристики на Мециновиќ – нагласи кандидатот.

Ѓорѓиевски подвлече дека на Скопје му се потребни конкретни решенија, а не празни ветувања, и додаде дека дополнителни часови по локална самоуправа ќе одржува од понеделник, веднаш по изборите.

– Вистинскиот тест и одлука ги носат граѓаните на избори. Јас целосно ја почитувам намерата и професионалноста на телевизијата која испрати покана за дебата – заклучи тој.

Поврзани содржини