СКОПЈЕ ЗАПРЕ! Од ВМРО-ДПМНЕ ги обвинија Арсовска и Ковачевски за матни зделки и за тајни средби

„Градот Скопје не постои заради Арсовска, туку заради скопјани. Арсовска да не ја злоупотребува функцијата и да почне да работи, тоа за што е платена, а тоа е сервис на народот“, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

603

Скопје е без јавен превоз, а Арсовска и Ковачевски наместо да го решат проблемот, затоа што само тие се надлежни прават тајни средби за матни зделки, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Лицемерен е односот на Ковачевски и Арсовска околу проблемите во град Скопје, нивната тајна коалиција функционира за сѐ, освен за решавање на проблемите на скопјани. Ковачевски и Арсовска го вратија Скопје 100 години назад. Секој нов ден Арсовска дава причина и оправдување плус зошто таа ја загуби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ. Скопјани не можат да се движат слободно, доцнат за работа, децата за училиште, буквално сѐ е застанато“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека Арсовска наместо да го реши проблемот, ги напаѓа превозниците и дрско се однесува со луѓето кои се сервис на Скопје 24/7.

Градот Скопје не постои заради Арсовска, туку заради скопјани. Арсовска да не ја злоупотребува функцијата и да почне да работи, тоа за што е платена, а тоа е сервис на народот“, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини