🎥 СКОПЈЕ ЗАЛИЧУВА, А ЌЕ ПОЧНЕ И ДА СЕ УКРАСУВА Ќе се осветли целиот Камен мост

Градоначалникот Ѓорѓиевски рече дека добиле донација од турска општина во износ од 9 милиони денари со која ќе се осветли целиот Камен мост. За ова се чека само одобрение од министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

742

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски синоќа беше во обиколка на главниот град. Центарот на Скопје и кејот на Вардар викендов повторно се чистеа со вода.

– Вечерна обиколка на Скопје со премиерот Христијан Мицкоски. Сега конечно личи на метропола, како што доликува. Улиците и плоштадите чисти, полни со посетители – ја нема онаа лоша слика на која навикнавме. И никогаш повеќе нема да се повтори!






Го посетивме и она што долги години му треба не само на Скопје, туку и на Македонија – Луна Паркот за кој наскоро започнуваме постапка за негова реализација – соопшти Ѓорѓиевски.

Мицкоски забележа:

– Вечерна обиколка на плоштадот и дел од Градскиот парк. Се беше чисто и средено како што доликува за нашето Скопје! Го посетивме и Луна Паркот за кој наскоро се започнува постапка за негова реализација.

Градоначалникот Ѓорѓиевски рече дека добиле донација од турска општина во износ од 9 милиони денари со која ќе се осветли целиот Камен мост. За ова се чека само одобрение од министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Ѓорѓиевски се пожали дека контејнерите многу се расипуваат и дека многу пари одат за нивна поправка.

Поврзани содржини