СКОПЈЕ ВО СООБРАЌАЕН ХАОС Приватните превозници ги блокираа најпрометните булевари

Во рамките на активностите за решавање на актуелниот проблем денеска „Слобода превоз" треба да оствари средба со УО на ЈСП, а исто така  претставници на приватните превозници ќе присуствуваат на седницата на Советот на Град Скопје.

657

Приватните превозници вклучени во Јавниот линиски превоз денеска од 7 часот со повеќе од 30 автобуси протестираат со целосно блокирање во сите правци на крстосницата кај „Мавровка”, односно булеварот Гоце Делчев и булеварот Крсте Петков Мисирков. Од  приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз” велат дека не е утврдено времетраењето на протестот бидејќи се планира да трае до исполнување на барањата.

Оттаму најавуваат дека ако брзо не се решат нивните барања во наредните денови блокадата ќе се прошири и на други делови од сообраќајниците во Скопје. Во рамките на активностите за решавање на актуелниот проблем денеска „Слобода превоз” треба да оствари средба со УО на ЈСП, а исто така  претставници на приватните превозници ќе присуствуваат на седницата на Советот на Град Скопје.






Поради најавениот протест, СВР Скопје од 7 часот го пренасочува сообраќајот ода двата булевара и околните улици.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

 

Поврзани содржини