СКОПЈЕ В САБОТА ЌЕ ПРЕЧЕКА СТОТИЦИ ТАНЧЕРИ ОД СВЕТОТ Во салата Јане Сандански ќе заиграат танцовите двојки

Организатор на овој натпревар кој е на календарот на Светската танцова федерација е танцовиот клуб „Ритам Плус“ од Скопје.

187

В сабота на 22 октомври , центар на танцовиот свет ќе биде Скопје. Во СЦ Јане Сандански, силите ќе си ги одмерат над 100 танцови двојки во повеќе старосни групи и над 200 соло изведувачи, од Македонија, Италија, Бугарија, Србија, Грција, Естонија, Хонг Конг, Хрватска.

Организатор на овој натпревар кој е на календарот на Светската танцова федерација е танцовиот клуб „Ритам Плус“ од Скопје. Од Македонија покрај организаторот, силите ќе си ги измерат и македонските танчери од клубовите: „ТСК Степ АП„, „ТСК Линеа“ , „ТСК Динамик“, „ТСК Прима Данца“, „ТСК Бранимир и Бранкица“, танцовото студио „Ребис“. Оваа јубилејна танцова манифестација во сабота ќе ги собере најдобрите натпреварувачи во повеќе танцови дисциплини.






Билетите се веќе во продажба на https://mktickets.mk/event/wdsf-dse-skopje-open-2022-grand-prix-skopje-open2022/, а на денот на натпреварот и на билетарата во СЦ Јане Сандански.

Настанот е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје.

Поврзани содржини