СКОПЈЕ ВЕЧЕРВА ВТОР НАЈЗАГАДЕН ГРАД ВО ЕВРОПА Пред нас е само Сараево

Скопје е на 21-то место во светот по загадување вечерва или втор во Европа, веднаш зад Сараево, а пред Приштина.

1

Главниот град на земјава, Скопје вечерва е вториот најзагаден град во Европа, според податоците на IQAir. Индексот на квалитет на воздухот (AQI) во главниот град е 141, односно се наоѓа во категоријата „нездрав за сензитивни групи“.

Скопје е на 21-то место во светот по загадување вечерва или втор во Европа, веднаш зад Сараево, кој е на прво место во Европа и 16-ти во светот. Веднаш зад нас е Приштина (Косово).






Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, неодамна истакна дека е потребно сериозно да се работи на основниот проблем со загадувањето, а тоа е загревањето на домаќинствата.

Поврзани содржини