СКОПЈЕ ТРИ ДЕНА ПОД ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ Доаѓа албанскиот претседател, ќе има затворања на улици
Поради посетата на албанскиот претседател Бајрам Бегај, од 26 до 28 февруари ќе има посебен режим на сообраќај во централното подрачје на Скопје.
Скопје три дена ќе функционира под посебен сообраќаен режим поради официјалната посета на албанскиот претседател Бајрам Бегај.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека мерките ќе важат на 26, 27 и 28 февруари 2026 година (четврток, петок и сабота), кога во официјална посета на земјава ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, полицијата ќе воведе посебен режим на движење по сообраќајниците во поширокото централно подрачје на Скопје. Се очекуваат повремени запирања и пренасочувања на сообраќајот, особено во деловите каде ќе се движи официјалната делегација.
Од СВР Скопје апелираат граѓаните и возачите да ги почитуваат наредбите и упатствата на полициските службеници со цел посетата да помине безбедно и без поголеми застои.