СКОПЈЕ СТАНУВА ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА Шилегов ја пушти и втората велопатека на Водно

Патеката спаѓа во таканаречената „семејна категорија“. Таа е истовремено безбедна за употреба од страна на сите генерации, но апелираме истата да се користи исклучиво со соодветна заштитна опрема.

1,297

Од денес љубителите на велосипедизмот може да уживаат во втората велопатека која е пуштена на Водно. Новата планинска велосипедска патека е долга 3,64 км и широка 3 метри со специјално изработени безбедни свиоци и рампи. На патеката нема пресеци и мешање со пешачки патеки што ја прави многу безбедна, вели Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Скопје.

– Патеката спаѓа во таканаречената „семејна категорија“. Таа е истовремено безбедна за употреба од страна на сите генерации, но апелираме истата да се користи исклучиво со соодветна заштитна опрема. Новата велопатека „Flow“ е наменета за надолно движење со која се комплетира трасата Скопје – Средно Водно – Скопје – вели Шилегов. 






За да може да се доживее убавината на велопатеките, тој  ги повика сите љубители на природата в недела на 24 октомври да го посетат вториот Фестивал за алтернативен туризам кој ќе се одржи на Средно Водно. Настанот е со почеток во 10 часот и учество земаат сите најголеми дистрибутери на велосипеди и велосипедска опрема, а ќе биде пропратен секако со добра забава.

Поврзани содржини