СКОПЈЕ СО ЖУРКА, БИТОЛА СО ВИЕНСКИ КОНЦЕРТ Валцерите одекнаа во Центарот за култура

Посебен новогодишен акцент на концертот му даде настапот на солистите, Благој Нацоски (тенор) и Биљана Јосифов (сопран). Покрај нив, одушеви и настапот на примабалерината Мими Поп-Алексова и на дел од ансамблот на Македонската опера и балет.

1,528

Прекрасен новогодишен подарок подготви Камерниот оркестар на Битола со новогодишната бајка „Виена во Битола“, објави Тера. За разлика од скопјани кои утре ќе се журкаат со Нокаут, ДНК, Наум Петрески и Зуица Лазов, битолчани вечерва, ден пред Новата Година уживаа во најубавите валцери на Јохан Штраус, Шостакович, Верди и Лехар во Центарот за култура.

Посебен новогодишен акцент на концертот му даде настапот на солистите, Благој Нацоски (тенор) и Биљана Јосифов (сопран). Покрај нив, одушеви и настапот на примабалерината Мими Поп-Алексова и на дел од ансамблот на Македонската опера и балет.






Тенорот Нацоски неодамна настапуваше како дел од Вердиевата Травијата во Македонската опера и балет. Солистката Билјана Јосифова претходно имаше настапи како гостин на концертот на Нацоски во Скопје, од Скопје до Неапол, а во Битола настапи со македонската опера и балет со „Палјачи“  од Руџеро Леонкавало , на јубилејното 30-то издание на  Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ во Битола.

Поврзани содржини