СКОПЈЕ СО ДПМНЕ И АРСОВСКА ТОНЕ НА СЕКОЕ ПОЛЕ Скопската зоолошка го изгуби кандидатскиот статус да стане европска, открива Јанчева

Не ми е сè уште верно, но ако е вистина ова е крај на сè, сè што се работело од 2007 година досега. Следуваше само уште еден скрининг и ќе бевме членки на ЕАЗА – Европската асоцијација на зоолошки и аквариуми. Нека се живи и здрави животните што се во ЗОО и што ги донесовме, Скопје повеќе нема европска зоолошка, напиша екс-директорот Галетановски на Фејсбук.

455

Скопската Зоолошка градина го изгуби кандидатскиот статус да биде членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА)

Само една и пол година откако ДПМНЕ ја презеде локалната власт во главниот град, Скопје тоне на секое поле. Последниот скандал е поврзан со Зоолошката градина, која во времето на СДСМ доживеа неверојатен развој и успешно се менаџираше, обвини денеска на прес-конференција координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.






– Наместо да се развива, Скопје со ДПМНЕ и Арсовска назадува. Тоа што беше оставено, едно прекрасно катче за најмладите, но и за сите скопјани, ДПМНЕ го растура. Со ДПМНЕ, наместо развој, Зоолошката градина се соочува со низа проблеми, а последно е тоа што го изгуби кандидатскиот статус за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини. Причината е неисполнување на договорите и нереализираните проекти. Секогаш кога ДПМНЕ ќе добие власт, ова се случува – пропаѓање, нерезлизирани проекти, назадување – изјави Јанчева.

Таа посочи дека пропадната шансата за членство во престижната асоцијација, значи губење на сериозна финансиска поддршка и спречување на развојот на Зоолошката градина.

– Исфрлањето како член кандидат значи дека немаме право да аплицираме во наредните осум години и не смееме да соработуваме со ниту една зоолошка градина. Најголема штета е што со влез на Скопје во ЕАЗА, зоолошката ќе беше независна од буџетот на Град Скопје и ќе се градеа нови проекти. ДПМНЕ не можат ниту една зоолошка градина да менаџираат и да ја внесат во ЕАЗА, а камоли да направат нешто повеќе – рече Јанчева.

Скопската Зоолошка градина го изгуби кандидатскиот статус да биде членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА).

По ова реагираше поранешниот директор на Зоолошката, Ѓорѓи Галетановски.

– Не ми е сè уште верно, но ако е вистина ова е крај на сè, сè што се работело од 2007 година досега. Следуваше само уште еден скрининг и ќе бевме членки на ЕАЗА – Европската асоцијација на зоолошки и аквариуми. Нека се живи и здрави животните што се во ЗОО и што ги донесовме, Скопје повеќе нема европска зоолошка – напиша Галетановски на Фејсбук.

Европската асоцијација на зоолошки и аквариуми (ЕАЗА) е еден вид Европска унија за зоолошките градини. Скопската градина беше кандидат за член на ЕАЗА од 2007 година односно за нејзиното членство работеа градоначалниците Трифун Костовски, Коце Трајановски и Петре Шилегов.

Во мандатот на Арсовска за година и половина се сменети тројца директори. Откако во декември 2021 година оставка си даде Ѓорѓи Галетановски кој беше поставен од ексградоначалникот Петре Шилегов, Арсовска за директор го назначи Кристијан Стаменов, син на поранешната директорка Тања Стаменов. Тој за неколку месеци беше сменет бидејќи дозволи колеж на 10 коњи во градината. Потоа, лани во август на негово место беше назначен Драган Илиевски. Во јануари годинава градоначалничката реши Илиевски да го стави за прв човек на ЈП „Водовод и канализација“, па Зоолошката доби трет директор, Зоран Попов. Тој дојде во градината како дел од тимот на Илиевски.

Поврзани содржини