СКОПЈЕ ШЕСТИ НАЈЗАГАДЕН ГРАД ВО СВЕТОТ Најзагадено во Лисиче, Гази Баба, Аеродром

Oсобено загрижува високото ниво на ПМ2,5 честичките во Скопје кои се особено опасни за здравјето на луѓето зашто се канцерогени.

674

Скопје и денеска е град со многу загаден воздух. На листата на порталот iqair.com Скопје денеска се најде на шестото место во светот со индекс 175 според квалитетот, односно загаденоста на воздухот. Сите градови во врвот на табелата, односно првите 10 – 15, се повеќемилионски градови, далеку поголеми од Скопје.

Oсобено загрижува високото ниво на ПМ2,5 честичките во Скопје кои се особено опасни за здравјето на луѓето зашто се канцерогени. Најзагаден е воздухот во Лисиче, Гази Баба, Аеродром и во дел од Ѓорче Петров.






Од истиот сајт може да се види дека уште полоша е состојбата во Битола каде мерната станица Битола 2 покажува индекс 207 на квалитет на воздухот, додека во Кочани ситуацијата е исто така алармантна со индекс од 182.

Поврзани содржини