Скопје преплавен со фрлени маски и ракавици кои се извор на зараза! Не ги фрлајте неспакувани во најлон!
Употребените заштитни маски особено претставуваат потенцијален извор на зараза и согласно епидемиолошките препораки, овој тип на отпад треба да биде одложен уредно спакуван во двојни кеси – велат од комуналното претпријатие.
Во текот на изминатите неколку месеци, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ се соочуваат со големо количество отпад од заштитни маски и ракавици што граѓаните го исфрлаат на јавните површини, или пак, несоодветно спакуван го одлагаат во садовите наменети за комунален отпад.
– Употребените заштитни маски особено претставуваат потенцијален извор на зараза и согласно епидемиолошките препораки, овој тип на отпад треба да биде одложен уредно спакуван во двојни кеси – велат од комуналното претпријатие.
ЈП „Комунална хигиена“ го третира отпадот од заштитна опрема како комунален отпад и граѓаните слободно смеат да го одлагаат во садовите поставени на јавни површини, без разлика дали станува збор за надземни и подземни контејнери, канти или корпи за отпадоци.
– Но, до жителите на градот Скопје апелираме употребените заштитни маски да ги одлагаат правилно и совесно и тие да бидат соодветно спакувани, со цел да се заштити здравјето на вработените во Претпријатието коишто секојдневно доаѓаат во контакт со овој потенцијално контаминиран отпад и воедно да се намали ризикот од ширење на вирусот ковид-19 – изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани.S