СКОПЈЕ ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ ГРАД НА СОЖИВОТ Арсовска се сретна со жителите на Сарај

За сите населени места во општина Сарај ќе донесеме посебна програма со ургентни приоритети со кои ќе се решат клучните проблеми во делот на инфраструктурата, рече кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска.

372

Скопје повторно ќе биде град на соживот, соработка и солидарност. Ќе биде град во кој ќе нема заборавени населби и населени места. Скопје ќе има ред во сообраќајот. Достапен и ефикасен јавен превоз, рече Данела Арсовска, кандидатка за градоначалник на Град Скопје на средбата со граѓаните во Сарај.

– За сите населени места во општина Сарај ќе донесеме посебна програма со ургентни приоритети со кои ќе се решат клучните проблеми во делот на инфраструктурата. Конечно ќе се изгради нов кружен тек на влезот на Сарај и ќе се поврзе Матка со автопатот и обиколницата. Канализација, вода, асфалт, автобуски превоз, игралиште за деца мора да има во секое населено место во Скопје и околината – им изјави Арсовска на жителите на Кондово, Бојане и на Буковиќ од Општина Сарај.

Поврзани содржини