СКОПЈЕ НЕ Е САМО ЦЕНТАР Арсовска нема да ги заборави околните населби

На само 7 до 8 километри од центарот на градот има десетина населби во кои, во една нема редовна и чиста вода, во друга нема канализација, во трета нема игралишта за деца, во некоја нема тротоари и асфалтирани улици, во друга нема автобуска линија, вели Арсовска.

190

Во 21 век не смее да има цели населби и населени места во главниот град без основни потреби и услови за живот, порача денеска на прес конференција кандидатката за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска, која претстави нов проект од нејзината програма.

Како е возможно во 21 век околу 100.000 луѓе во Скопје да не ги добиваат основните услови за живот, а редовно да ги плаќаат своите даноци на државата? Скопје се соочува со нерамномерен развој. Додека центарот на градот и урбаните населби се пренатрупани, приградските населби немаат основни услови за живот. На само 7 до 8 километри од центарот на градот има десетина населби во кои, во една нема редовна и чиста вода, во друга нема канализација, во трета нема игралишта за деца, во некоја нема тротоари и асфалтирани улици, во друга нема автобуска линија. Затоа, предлагаме и веднаш ќе се зафатиме со реализирање на еден од основните проекти од мојата програма – Скопје без заборавени населбирече Арсовска.

Таа најави дека Градот ќе изгради нова и посебна програма за сите заборавени населби. Волково, Арнакија, Даме Груев, Маџари, Топаана, Припор, Шуто Оризари, Горно Нерези, Долно Лисиче, Глумово, Свиларе, Шишево, Идризово, Љубанци и Љуботен, Синѓелиќ, Кондово, Кучково и многу други наши скопски населби ќе бидат еден од врвните приоритети во мојот мандат. Канализација, вода, асфалт, автобуски превоз и игралишта за најмладите мора да има секое населено место во и околу Скопје, додаде Арсовска.

Таа истакна и дека нема потреба од политички надмудрувања, нема политика во тоа да се направи водовод, канализација, да се овозможи автобуски превоз или да се изгради тротоар. Треба знаење, работливост, компетенции и сигурност.

Поврзани содржини