СКОПЈЕ НА 9. МЕСТО ВО СВЕТОТ СПОРЕД АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО Лахоре најзагаден, втор Сараево
Скопје и Сараево имаат слични климатски неповолности бидејќи се наоѓаат во котлини во кои, при определени временски услови, нема провертрување, има магливост, а загадувањето од индустријата, сообраќајот и загревањето на домовите останува во воздухот.
Скопје денеска се најде на 9. место во светот според нивото на загаденост на воздухот, покажува интернет страница Ервижуал (AirVisual) која прибира податоци од целиот свет.
Главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, од првото место се спушти на второто, веднаш зад Лахоре, главниот град на Пакистан, покажува табелата на стра ницата.
Индексот на загаденост моментно е 161, што воедно е знак дека воздухот е нездрав, а најзастапени се ПМ 2,5 и ПМ10 честичките.