СКОПЈЕ НА 13 МЕСТО ВО СВЕТОТ СПОРЕД АЕРОЗАГАДУВАЊЕ На листата убедливо прв Белград

Покрај Белград, многу балкански метрополи, Софија, Загреб, Сараево, Скопје се во врвот на листата на најзагадени градови во светот.

186

Скопје се наоѓа на 13. место според загаденоста на воздухот, со Индекс на квалитет на воздухот од 135, што спаѓа во групата „нездрав“ воздух. На прво место на ранг листа на Ајкју-еар (IQAir) е рангиран Белград, пред Карачи и Лахоре од Пакистан, а во првите 13 места, покрај Скопје се наоѓаат и повеќе балкански метрополи: Загреб (10), Сараево (12), Софија (6).

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини неодамна повика топланите во Скопје да продолжат да користат гас, и да не се префрлат на дизел гориво, за да не дојде до уште поголемо загадување на воздухот во Скопје.






– Нема потреба да бидам експерт за да кажам дека дизел и мазут се помалку еколошки од гас. Ако има гас, ние да продолжиме да користиме гас. Цената колку што е поевтина е подобра за граѓаните. Да не одиме назад и да бараме од сите да бидат свесни ако направиме штета по здравјето на граѓаните. За жал, имаме аерозагадување – рече Нуредини како одговор на новинарско прашање.

Поврзани содржини