СКОПЈЕ МОЖЕ И БЕЗ ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Данела ќе купува нови еколошки автобуси

Град Скопје може и без приватните превозници, се реогранизира превозот во јавното претпријатие, во план е набавка и на нови еколошки автобуси, порача скопската градоначалничка Данела Арсовска.

731

Скопската градоначалничка Данела Арсовска потенцираше дека Градот може да функционира и без приватните превозници, бидејќи, како што рече, никој од нив не се пријавил на јавниот повик за доделување на линиите 20 и 22.

Таа додаде и дека Град Скопје нема ама баш никаков долг кон приватните автобуски превозници.






– Беше објавен јавен повик и на сите, домашни, македонски правни лица им беше дадена можност да се пријават. Доколку не се пријавиле тоа кажува многу што се однесува до овој повик. Со самото тоа што беа повикани на огласот да се јават како превозници домашните правни лица и да си ја работат оваа работа доколку така сакаат, чесно, а никој не се пријавил, тоа кажува многу. Град Скопје може и без приватните превозници, се реогранизира превозот во јавното претпријатие, во план е набавка и на нови еколошки автобуси – рече Арсовска.

Откако новинарите ја прашаа дали тоа што нема пријави е поради долгот кон превозниците, таа рече дека Град Скопје нема долг и дека издава дозвола за вршење јавен превоз, а приватните превозници го прекршиле таквиот договор.

– Тоа што не се пријавиле кажува сѐ – кусо изјави Арсовска која оваа тема ја коментираше по денешната прес-конференција посветена на загадувањето на главниот град.

Сепак, таа одби да одговори на останатите прашања, а нејзиниот тим како и вообичаено, им укажа на новинарите прашањата да ги пуштат на електронската адреса.

Поврзани содржини