СКОПЈЕ КОНЕЧНО ДОБИВА НОВ ЛУНА ПАРК Ѓорѓиевски најави модерни атракции и нова ера на семејна забава

Градот почнува јавна набавка за изградба на ултрамодерен парк со атракции за сите генерации

120

Скопје конечно ќе добие нов, модерен Луна Парк. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес ја најави реализацијата на проектот што со децении беше само ветување, објавувајќи дека започнува јавната набавка за проектирање и монтажа на новиот семеен парк за забава.

Проектот означува почеток на нова урбана трансформација на просторот кај сегашната локација, со најавени ролеркостери, водени атракции, интерактивни игри, виртуелна реалност и реквизити што ќе го подигнат стандардот на забавата на ниво какво досега не сме имале.






Ѓорѓиевски потенцира дека Луна Паркот ќе биде целосно пристапен за лица со попреченост и опремен со најсовремени системи за безбедност, видео надзор и прва помош.

– По децении во кои генерации деца беа лишени од местото што им припаѓа, конечно почнуваме со реализација на ултра модерен Луна Парк. Ова ќе биде еден од најдобрите во регионот, со ролеркостери, водени атракции, ВР-зони и ново ниво на урбана забава – изјави градоначалникот.

На просторот од 84.000 квадратни метри ќе никне целосно нова зона за семејства – со места за одмор, улична уметност, културни настани и театар со затворена сцена. Панорамско тркало, пиратски брод, подморница, „среќна лулашка“ и уште многу други реквизити ќе бидат дел од содржината што треба да го збогати туристичкиот имиџ на главниот град.

Ѓорѓиевски порача дека ова е голем чекор напред за Скопје.

– Како што ветив, најдоброто доаѓа. Скопјани конечно добиваат Луна Парк што ќе биде симбол на нов почеток и модерно, достоинствено Скопје – рече тој.

Поврзани содржини