📽️ СКОПЈЕ И ЧАИР СЕ БУДАТ БЕЗ ЃУБРЕ Меџити најави ново поглавје, градот ќе биде гордост на граѓаните

По недели на хаос и отпад, конечно се враќа редот, екипите на јавните претпријатија се на улиците заедно со премиерот и градските власти.

5,085

По неколку тешки месеци во кои Скопје беше прекриено со отпад поради блокади и негрижа, вечерва започна големата акција за чистење на главниот град. Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, излегоа на терен со екипите на ЈП Комунална хигиена, Паркови и зеленило, како и со други јавни претпријатија и компании со општествена одговорност.

Акцијата има за цел да се исчистат сите улици, контејнери, шеталишта и мини-депонии што се создадоа во изминатиот период.






– Вечерва сме на терен, покрај нашите екипи и работниците кои се дел од овој голем граѓански мобилизирачки процес. Ќе се чистат контејнерите, просторот околу нив, шеталиштата и сите јавни површини што беа запоставени. Ова е само почетокот на обновата на Скопје – изјави вчера градоначалникот Меџити.

Тој порача дека „Скопје вечерва нема да спие врз ѓубре, туку утре ќе се разбуди со почист, поздрав воздух и со нов изглед“.

– Ова е почеток на едно ново поглавје за Скопје, градот што го преземаме во свои раце за да го исчистиме, да го уредиме и повторно да го направиме гордост за сите негови граѓани – додаде Меџити.

Поврзани содржини