СКОПЈЕ ГО ПРАВИМЕ ЗАЕДНО, ПОБЕДАТА ЌЕ БИДЕ ИСТОРИСКА Вреди му даде поддршка на Ѓорѓиевски за вториот круг
Заедно ќе го направиме нашиот град повторно горд, модерен, достоинствен и отворен за сите што живеат во него, порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на средбата со Изет Меџити и Башким Бакиу од Коалицијата Вреди добил искрена и силна поддршка за вториот круг од локалните избори.
– Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и со кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата Вреди, Башким Бакиу. Од нив добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Скопје, поддршка која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред. Благодарам на сите кои ја препознавте визијата, дадовте доверба и избравте иднина за Скопје. Заедно ќе го направиме нашиот град повторно горд, модерен, достоинствен и отворен за сите што живеат во него. Скопје го правиме заедно. По скопски! Победата ќе биде историска“ напиша Ѓорѓиевски на својата страница на Фејсбук.