СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО Подарок од турскиот град Конја

При посетата на Турција станало збор и можноста за соработка во насока на почнување заеднички проекти и обуки, како и размена на знаења на противпожарните бригади во делот на противпожарната заштита.

85

Противпожарно возило ќе добие Противпожарната бригада на градот Скопје од турскиот град Конја како гест и потврда за воспоставените пријателски билатерални односи за што потпишаа протокол денеска градоначалничката Данела Арсовска и градоначалникот на Конја, Угур Ибрахим Алтај.

Арсовска ја посети противпожарната служба во Конја, која опслужува територија над 42.000 квадратни метри, ја обезбедуваат 1000 пожарникари и над 2000 волонтери кои се грижат за безбедноста од оваа сфера на околу 3 милиони граѓани во градот.






– При посетата на противпожарната професионална служба во градот Конја, остваривме средба со командантот Џевдет Ишбитриџи на која разговаравме за можностите за соработка во насока на почнување заеднички проекти и обуки, како и размена на знаења на противпожарните бригади во делот на противпожарната заштита, но имавме и прилика да ја видиме нивната техничка опременост во функција на заштита на околу три милиони граѓани во градот – рече Арсовска, која е во тридневна посета на Конја.

Поврзани содржини