СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ 6 ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ Борбата против загадениот воздух е приоритет

Со проширување на централното греење на ниво на градот и во урбаните средини, и во иднина со гасификација на државата и со мерките што ги презема владатав, полека но сигирно ќе го решиме проблемот со загадениот воздух, вели министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

718

Град Скопје ќе добие 6 еколошки автобуси, најави денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, но не кажа повеќе детали.

Според него, борбата против загадениот воздух е приоритет број еден.






– Работиме интензивно на тоа. Град Скопје ќе добие 6 еколошки автобуси. Со проширување на централното греење на ниво на градот и во урбаните средини, и во иднина со гасификација на државата и со мерките што ги преземаме, полека но сигирно ќе го решиме тој проблем. За проблемот со загадувањето не постои само една мерка – рече Меџити.

На денешната прес-конференција за 100 дена Влада, говорејќи за тоа што е остварено и што се планира за загадувањето во пресрет на студените денови, Меџити рече дека еден од приоритетите на Министерството за животна средина и просторно планирање е токму загадувањето и работат со партнери кои даваат грантови, помош, искуства и знаења.

 

Поврзани содржини