СКОПЈЕ Е ДАЛЕКУ ЗАД БЕЛГРАД Опозицијата тврди дека Шилегов е најбогат градоначалник на најсиромашниот главен град на Балканот
Петре Шилегов со пријавен имот од над 1.300.000 евра, со 4 стана, трокатна луксузна приватна зграда, неверојатнo луксузна вила на Маврово, непријавени луксузни автомобили вредни околу 100.000 евра, е побогат од градоначалникот на Белград, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Шилегов е најбогат градоначалник на најсиромашниот главен град на Балканот. Петре Шилегов во текот на својот мандат се стекна со луксузна хациенда во Маврово и ја реновираше неговата луксузна куќа во Карпош, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Како Петре Шилегов со плата од околу 1.000 евра месечно направи луксузна вила во Маврово која во неговиот анкетен лист пишал дека вреди 55.000 евра. За 4 години Шилегов од плата, без да ја троши за било што може да собере 48.000 евра, пари кои нема да му стигнат ниту за правење на луксузната вила, а за реновирање на луксузната куќа во Карпош воопшто не станува збор, а притоа Шилегов да не купувал храна, пијалоци, да не плаќал сметки, регистрации на возила, да не ставал гориво од свои пари итн. Дали и како Шилегов успеал да собере пари повеќе отколку што заработува? Од каде му е остатокот? Петре Шилегов со пријавен имот од над 1.300.000 евра, со 4 стана, трокатна луксузна приватна зграда, неверојатнo луксузна вила на Маврово, непријавени луксузни автомобили вредни околу 100.000 евра, е побогат од градоначалникот на Белград, но и од поранешниот градоначалник на Загреб Милан Бандиќ, со речиси 20 години градоначалничка функција кој што неодамна го напушти овој свет“, се вели во соопштеноето.
Таму е наведено дека Скопје е далеку зад Загреб и Белград, по големина, број на жители, инфраструктура, по развој, хигиена и одржување, но затоа пак Скопје е далеку пред нив по луксузот и личното богатство на Петре Шилегов.