Скопје добива нов трет зелен покрив, овојпат на „ТЦ Мавровка“

Во тек се работите на уредување на покривот на „Домот на градежниците“ што треба да прерасне во зелено катче пролетва во април, а првиот зелен покрив кој е поставен е на „ГТЦ“.

557

„ТЦ „Мавровка“, по „ГТЦ“ и „Дом на градежниците“, ќе биде третиот објект во градот на кој рамниот покрив ќе биде претворен во зелена оаза.

Најавата со видео преку „Фејбук“ ја соопшти граночалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој со градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, денеска требаше да означат стартот на работите, но поради лошите временски прилики прес-конференцијата по овој повод беше откажана.






– Еве како изгледа напуштениот и неуреден простор на „Мавровка“ што набрзо ќе биде трет и најголем зелен покрив во Скопје – најави Шилегов.

Во тек се работите на уредување на покривот на „Домот на градежниците“ што треба да прерасне во зелено катче пролетва во април, а првиот зелен покрив кој е поставен е на „ГТЦ“.

Поврзани содржини