СКОПЈЕ ДОБИ АДРЕНАЛИНСКИ ПАРК Ќе се закажува термини преку телефон или мејл
Зоната е на површина од 10.000 метри квадратни има адреналински дел, игралиште за фудбал и одбојка на песок со трибини, реконструиран скејт парк, сквер, детско игралиште, а поставена е и соодветна урбана опрема.
На кејот на реката Вардар во Општина Карпош попладнево беше отворен Адреналинскиот парк, финансиран од ЕУ и локалната самоуправа. Овој Спортско рекреативен парк е прв од ваков вид во главниот град.
Зоната е на површина од 10.000 метри квадратни има адреналински дел, игралиште за фудбал и одбојка на песок со трибини, реконструиран скејт парк, сквер, детско игралиште, а поставена е и соодветна урбана опрема.
Во склоп на паркот и неговата околина засадени се нови 80 високоизраснати дрвја, нова тревна површина, а поставен е и систем за неговор наводнување и одржување.
Адреналинскиот парк е изграден со грант од ЕУ преку Светска банка во рамки на проектот за „Локална и регионална конкуретност, а финансиско учество има и Општината Карпош.
За реализација на овој потпроект беше одобрен буџет од 907 .000 евра, од кои преку проектот се обезбедени 85 отсто од средствата или 770.000 евра, додека Општина Карпош партиципира со околу 140.000 евра.
За Адреналинскиот парк задолжен е „Адвенчр сајд“. Нивните претставници се дел од Спортско – качувачката федерација. Имаат поминато и посебна обука со цел правилно функционирање и поголема безбедност за сите посетители на Адреналинскиот парк. За другите делови од паркот, како одбојкарското и фудбалското игралиште ќе бидат задолжени од општинското оделение за спорт.
Сите заинтересирани граѓани ќе можат да закажуваат термини преку мејл и телефон што дополнително ќе бидат објавени.