СКОПЈЕ БУКВАЛНО ВРИЕШЕ ПРЕД ДОЖДОТ Главниот град денеска со трета највисока температура во Европа – 41,7°C
На врвот на европската листа на „огнени“ градови денеска се најде турскиот Ајдин, каде беа измерени неверојатни 42,6°C, а веднаш зад него е Фетие со 41,7°C, исто колку Скопје.
Скопје денеска буквално вриеше во периодот од 14 до 15 часот, метеоролошката станица во селото Петровец измерила екстремни 41,7 степени Целзиусови, со што македонската престолнина се најде на третото место меѓу најтоплите градови во Европа, објави метео-порталот Огимет.
На врвот на европската листа на „огнени“ градови денеска се најде турскиот Ајдин, каде беа измерени неверојатни 42,6°C, а веднаш зад него е Фетие со 41,7°C, исто колку Скопје. Топлотниот бран не заобиколи ниту други градови во Турција, во Урфа беа измерени 41,4°C, во Анталија 41,3°C, додека Измир, Маниса и Дикили имаа по 41,2°C.
Скопје го дели истото ниво на жештина (41,2°C) со Мерида во Шпанија и Сер во Грција, додека на глобално ниво, денеска највисока температура од 47,2°C е измерена во Кувајт.
На спротивниот крај на термометарот, најстудено беше во антарктичката база Восток во Русија со – 75,5°C. Според податоците на „Огимет“, најмногу дожд денеска паднал во Индија, најсилен ветер бил забележан на Гренланд, а најтопло место според просекот на температурите во последните 24 часа бил Џалони во Оман, со 44°C.