СКОПЈЕ, БЕЛГРАД, ТИРАНА На еден ден ќе ги отворат меѓусебните граници

353

На иницијатива на премиерот Димитар Ковачевски на еден ден ќе бидат отворени сите граници меѓу земјите од Отворен Балкан.

Ковачевски на заедничката прес-конференција во Бардолино со српскиот претседател Александар Вучиќ и со албанскиот премиер Еди Рама, појасни дека целта е да се види како изгледа тоа да се преминуваат границите како да ги нема.






Српскиот претседател Вуќич потврди дека на иницијатива на Ковачевски ќе биде одреден еден ден кога ќе бидат отворени границите меѓу трите земји за да се покаже како тоа ќе функционира.

Поврзани содржини