Скопјанката која го изгуби бебето и сопругот во тешката сообраќајка кај Млечен: Немаме правна држава, сите тие се штитат меѓу себе!

2,545

Советот на јавни обвинители нема да преземе никакви дејствија против обвинителката Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска, која го водеше случајот со сообраќајката кај „Млечен“ во Капиштец, во која возачот што усмрти двајца доби условна казна.

Скопјанката Наташа Димитриевска, чиј сопруг и неродено дете загинаа, а и таа се здоби со тешки повреди, утринава на твитер го објави одговорот на Советот за јавни обвинители.






„Пак сум на операција на ногата, а денес добив одговор од Совет на ЈО дека ЈО Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска постапувала правилно и по закон. Е па пријатели официјално кажувам немаме правна држава и сите тие се штитат меѓу себе“, напиша Димитриевска.

Сообраќајката кај „Млечен“ се случи на 12 октомври 2018 година. Условно осудениот Васил Чорбаџиев со својот автомобил свртел лево на улицата „Теодосиј Гологанов“ на место каде што има знак „забрането вртење лево“ и удри во моторот на кој беа тогаш бремената Димитриевска и нејзиниот 32-годишен сопруг.

 

Поврзани содржини