СКОПЈАНКА ЗАТАИЛА ДАНОК ОД 267.721 ДЕНАРИ Примила 43.532 евра преку брз трансфер, не ги пријавила
На тој начин таа избегнала да плати данок на личен доход во износ од 10 отсто од вкупниот остварен доход или 267.721 денар, а за што имала законска обврска. Со ваквото дејствие таа го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија за износ од 267.721 денар.
Единицата за економски и компјутерски и криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.А.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување”. Пријавената, во текот на 2021 година примила 43.532 евра преку брз трансфер, но не го пријавила приходот и не поднела задолжителна даночна пријава до Управата за јавни приходи.