СКОПЈАНКА УЦЕНУВАЛА ПОВОЗРАСЕН МАЖ Жената поседувала видеа и фотографии со компромитирачка содржина
Полицијата ја приведе скопјанката и иѝ поднесе кривична пријава.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.К.(31) од Скопје која ја сомничи за сторено кривично дело „уцена“, казниво по член 259 од Кривичниот законик.
Таа, како што соопшти полицијата, го уценувала Д.И.(59) од Скопје дека на социјалните мрежи ќе објави фотографии и видео материјал со компромитирачка содржина доколку не ѝ даде пари.
„По преземени мерки од полициски службеници при СВР Скопје во координација со Основното јавно обвинителство Скопје Џ.К. била лишена од слобода и кај неа биле пронајдени дел од парите што ги добила од оштетениот“, соопшти МВР.