СКОПЈАНКА УАПСЕНА ВО БИТОЛА Нудела сексуални услуги на Широк Сокак

Скопската проститутка била со привремен престој во Битола.

527

36 годишна скопјанка е уапсена во Битола поради проституција. Таа била затекната како нуди сексуални услуги и била лишена од слобода.

„На 20.04.2024 во 21.45 часот на Градското шеталиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода Б.М.(36) од Скопје, со привремен престој во Битола. Таа била затекната како нуди сексуални услуги, односно при оддавање на проституција. Против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.“ – стои во известувањето од СВР Битола.

 

Поврзани содржини