Скопјанка со нож му нанела повреди на нејзиниот партнер, информира полицијата.
Против жената е поднесена кривична пријава.
„СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.П.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело. Пријавената физички го нападнала нејзиниот партнер А.А.(36) и со нож му нанела повреди“, соопшти МВР.