СКОПЈАНКА СЕ ПОВРЕДИЛА ПРИ ВЛЕГУВАЊЕ ВО ЛИФТ Незгодата се случила во зградата на МРТВ

179

Скопјанка се повредила при влегување во лифт во зградата на МРТВ, соопшти полицијата.

Како што соопшти полицијата, вчера (03.09.2025) во 11:20 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена Е.Т.(52) од Скопје, која се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ.






За настанот бил известен трудов инспектор.

Поврзани содржини