Скопјанка пријавила дека мажот и синот ја вознемируваат
Полицијата информира дека ги привела двајцата пријавени.
Четириесет и две годишна жена од Скопје која времено престојува во Тетово ги пријавила синот и сопругот за повеќекратно вознемирување и закани.Полицијата по пријавата ги приведе двајцата.
Полицијата информира дека синоќа 42-годишната скопјанка пријавила дека нејзиниот 50-годишен сопруг и 19-годишен син, во текот на денот неколку пати ја вознемирувале во домот и ѝ се заканувале дека ќе ја убијат.
„Двајцата пријавени се лишени од слобода на улица ЈНА во Тетово и задржани се во Полициската станица Тетово“, информираше денеска СВР Тетово.
Полициските службеници ќе ја продолжат работата за расчистување и документирање на случајот.