СКОПЈАНКА ПОСРЕДУВАЛА ПРИ ПРОСТИТУЦИЈА Тетовец ѝ давал на располагање простории

755

Две лица добија кривични пријави за „посредување во вршење проституција“ и „помагање“, соопшти МВР.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Ш.(40) од селото Бојане, Скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење на проституција“ и против Г.Н. (60) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.






Пријавената Г.Ш., во текот на 2024 и 2025 година во Тетово, во помошен објект од куќата на второпријавениот, овозможувала користење на сексуални услуги.

Г.Н. со умисла и свесно ѝ помагал на првопријавената во вршење на услугите, ставајќи ги на располагање просториите од помошниот објект на својата куќа.

 

Поврзани содржини