СКОПЈАНКА ПЛЕТЕ КАПЧИЊА И КАЛЧИНКИ ЗА ПРЕДВРЕМЕНО РОДЕНИТЕ БЕБИЊА Хуманоста ме држи во живот
Педесетипетгодишната Илмије Амет Халил која, како што вели, сите ја знаат по нејзиниот прекар од детството – Муши, донира калчинки, капчиња и постелнини кои ги изработува сама или, како годинава, со помош на уште некоја хумана сограѓанка, за недоносените бебиња на ГАК
Илмије Амет Халил е педесетипетгодишна хумана скопјанка која за предвреме родените бебиња на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје плете калчинки и капчиња, но и постелнини кои ги изработува сама.
Таа завршила во средното трговско училиште „Арсени Јовков“ во Скопје, има две возрасни ќерки, а во моментов работи во фирмата за обезбедување „Никоб“ и всушност нема никаква допирна точка со она што го прави исклучиво од хумани причини.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.