Скопјанка се повредила во градски автобус, синоќа на линијата број 11, соопшти МВР.
На улицата Ѓорче Петров, О.П.(57) од Скопје, превезувајќи се во автобус кој сообраќал на линија број 11, при тргнување на автобусот паднала и се повредила. Во незгодата се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што била пренесена за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.