Скопјанка ограбила стружанец во тоалет, струмичанец уапсен на автопат

1,039

СКОПЈАНКА УКРАЛА ПАРИ – Полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Аеродром и Драчево ја лишија од слобода Д.С.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека на 27.09.2020 во 20.00 часот во угостителски објект на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје украла пари од Н.Р.(48) од с.Мороишта, струшко. Според пријавеното, во наведеното време таа во тоалетот на угостителскиот објект од Н.Р. одзела 500 евра и 3000 денари. Набргу потоа, по преземени мерки, Д.С. била пронајдена и кај неа биле пронајдени парите. Таа била лишена од слобода и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

МАРИХУАНА ВО ПАРК – На 29.09.2020 во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк го лишиле од слобода Б.Ќ.(28) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.






АПСЕЊЕ НА АВТОПАТ – На 28.09.2020 во 23.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на автопатот Скопје-Миладиновци го лишиле од слобода И.В.(20) од Струмица затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ ЗАЈАС – На 28.09.2020 во 19.10 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Зајас, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(21) од с.Грешница, кичевско и патничко моторно возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Б.Е.(39) од Р.Албанија. Во незгодата Д.Б. се здобила со тешки телесни повреди, а сопатникот од истото возило Г.Б.(46) се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полциската станица Кичево.

СУДАР ВО СКОПЈЕ – На 28.09.2020 во 09.30 часот било пријавено дека на ул.„Боро Кралевски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски озанки, управувано од Г.Ј.(46) од Скопје и патничко моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.З.(44) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Г.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

(ИЗВАДОК ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ОД 29.09.2020)

Поврзани содржини