СКОПЈАНКА КРАДЕЛА, ПА СЕ СТЕПАЛА СО ПРОДАВАЧКАТА Тепачка во продавница на Бит Пазар

По кражба во продажен објект на Бит Пазар, расправија меѓу две жени од Скопје прераснала во физичка пресметка, а полицијата најави поднесок по расчистување на случајот.

483

Физичка пресметка меѓу две жени се случила на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, откако претходно била извршена кражба во продажен објект.

Според информациите од полицијата, на 20 април 2026 година околу 13 часот било пријавено дека по кражбата во продавницата, каде што работела 56-годишната Д.З., дошло до расправија која прераснала во физичка пресметка меѓу неа и 64-годишната С.С., двете од Скопје.






Инцидентот го нарушил јавниот ред и мир, по што случајот бил пријавен во полиција. Се преземаат мерки за негово целосно расчистување, а по документирањето ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани содржини