СКОПЈАНКА ГО ИСКРШИЛА ВОЗИЛОТО НА ДЕВЕРОТ Полицијата синоќа ја привела

958

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа во 01.20 часот на подрачјето на Центар ја лишиле од слобода С.С.(36) од Скопје, по претходна пријава од нејзиниот 35-годишен сопруг.

Тој вчера пријавил дека околу 18 часот, во семејниот дом неговата сопруга агресивно се однесувала и му упатувала закани со остар предмет, а потоа со тврд предмет го оштетила возилото на неговиот брат. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани содржини