СКОПЈАНКА Е ЖЕНАТА КОЈА ПОБЕГНА ОД ПРОЗОРЕЦ ОД ГОСТИВАРСКОТО ИНФЕКТИВНО Полицијата ќе ѝ пише кривична
Според полицијата, станува збор за педесет и деветгодишна жителка на скопско село, која била позитивна на ковид-19 и се лечела во болницата во Гостивар.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека пациентката со ковид-19 која е сликана како излегува низ прозорец од болницата во Гостивар ќе добие кривична пријава за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
Според полицијата, станува збор за педесет и деветгодишна жителка на скопско село, која била позитивна на ковид-19 и се лечела во болницата во Гостивар. Таа вчера околу 13.00 часот самоволно го напуштила гостиварското Инфективно одделение, излегувајќи преку прозорецот.
според полицијата, набргу потоа, таа била пронајдена и вратена на натамошно лекување.
Од полицијата велат дека се расчистува и документира случајот и против неа ќе следува поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.