Зградите кај Скопјанка во Општина Аеродорм имаат прекин на водоснабдување поради уличен дефект од 17 часот, соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Како што се посочува во соопштението, поради уличен дефект од ф150 милиметри на булевар Кузман Јосифовски Питу бб (кај Скопјанка ), со прекинато водоснабдување од 17 часот ќе бидат корисниците на зградите од Скопјанка, дел од улиците 23-ти Октомври (поранешна Владимир Комаров) и Бојмија.
Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до отстранување на дефектот, информираат од претпријатието.