СКОПЈАНКА ЈА ИЗГУБИ ВНУКАТА ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ „Доколку се вратеа навреме, ова немаше да се случи“
Тие не се повредени, тие се добро, ама девојчето.. четири години, отишла. Започнале да паѓаат делови од кујната, трчал да ги спаси, го спасил едното, не можел и другото, не можам ништо да го разберам и тој е потресен, и нема линија да зборувам со него, вели Бранка за помладиот син кој живее во Сирија.
Бранка Недељковиќ од скопски Бутел ја загубила својата четиригодишна внука во градот Алепо во Сирија при големиот земјотрес кој во понеделникот ги погоди Сирија и Туркије. Нејзината потресна приказна ја објави и ја документираше ТВ Алфа. Живеела во Сирија од 80-тите па сè до пред војната со сопругот Сириец, кого го запознала додека бил на студии во Скопје.
Но, нејзиниот син останал да живее во Сирија со двете деца и сопругата. Пробувајќи да ги извлече од од станот на четвртиот кат во зградата, тој не успеал да го спаси едното дете.
– Тие не се повредени, тие се добро, ама девојчето.. четири години, отишла. Започнале да паѓаат делови од кујната, трчал да ги спаси, го спасил едното, не можел и другото, не можам ништо да го разберам и тој е потресен,. И нема линија да зборувам со него. Нема контакт, нема струја, нема интернет – вели Бранка Недељковиќ.
Доколку навреме се вратеа во Македонија, ништо од ова немаше да се случи, низ солзи вели Бранка. Синот сакал да се врати во земјава, но заглавил во правните лавиринти, иако на Бранка ѝ било ветено тој ќе добие пасош и дека ќе биде вработен.
Бранка има уште еден постар син, кој успеал да дојде со неа во Македонија кога избила војната. Тој можел да се врати бидејќи не е роден во Сирија. Синот останал инвалид откако го погодил заскитан куршум. Истовремено, тој има психички трауми бидејќи неговиот татко загинал пред неговите очи на почетокот на конфликтот.