СКОПЈАНИ ЗА ПОДОБАР ЈАВЕН ПРЕВОЗ ЌЕ ЧЕКААТ ДО ИЗБОРИ Николоски и Ѓорѓиевски упатуваа критики, реагираа од Град Скопје
Град Скопје денеска излезе со критика на изјавите на министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, и градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, околу проблемите со јавниот превоз во главниот град.
За жал, скопјани ќе мора да ги почекаат локалните избори за да се реши проблемот со кој секодневно се соочуваат- јавниот градски превоз. Јавниот превоз во Скопје е далеку од тоа што треба да биде, но секој ја носи својата одговорност. Ние разговаравме кога се правеа одредени законски измени во однос на градоначалници и мој личен став е дека е недозволиво да единствена позиција во оваа држава која што не може да биде отповикана е градоначалник и затоа тоа дава вакви резултати. Со ова се одговорив.
Ова го истакна министерот за транспорт Александар Николоски, одговоарајќи на новинарско прашање- околу проблемот со јавниот превоз во Скопје и дали ќе се чекаат локални избори за да се реши иистиот.
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, вели дека за жал, за решението со овој проблем со кој секојдневно се соочуваат скопјани, мора да се почекааат локални избори.
– Се работи за несериозност од страна на Град Скопје да интервенира во решавање на проблемот и можност постојано да се бараат изговори, некој друг да е виновен на сметка на тоа што некој не знае да изменаџира. За жал, согласно постоечките законски нормативи ние сме принудени како скопјани да имаме еден тежок период, една голгота која ја преживуваат, но за жал за решение на истата мораме да почекаме локлани избори. Верувам дека после локалните изборо после неколку месеци од денес ќе биде за брзо време средена состојбата во градот – потенцираше Ѓорѓиевски.
Град Скопје денеска излезе со критика на изјавите на министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, и градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, околу проблемите со јавниот превоз во главниот град.
„Жално е што причинителите на голготата на граѓаните на градот Скопје со јавниот превоз зборуваат за тоа како на нив им било жал за граѓаните,“ се вели во реакцијата од градските власти.
Според Град Скопје, советниците на ВМРО-ДПМНЕ веќе три години го блокираат развојот на јавниот превоз.
„Три години советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да одобрат набавка на 250 нови автобуси. Три години советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да гласаат за спроведување на проектот БРТ, со кој Скопје ќе добие 50 нови автобуси бесплатно“, стои во реакцијата.
Дополнително, градот обвини дека ВМРО-ДПМНЕ ги блокира буџетите и програмите за работа на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), што дополнително ги усложнува проблемите со јавниот превоз.
„ВМРО-ДПМНЕ и владата предводена од Христијан Мицкоски одби да набави нови автобуси, иако предложивме средствата за набавка на нови автобуси да ги префрли градот Скопје на Владата, а тие да ги набават автобусите,“ посочуваат од Град Скопје.
На крајот, во реакцијата се наведува дека граѓаните на Скопје три години се жртви на секташкиот партиски менталитет на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги за манипулации и лажни изјави.