СКОПЈАНИ ВО ПАНИКА ОД „СЕЈФ СИТИ“ Апликација која стана најмоќното оружје против казните

Граѓаните ја користат „Waze“ како единствен сигурен начин да добијат предупредување за локацијата на камерите додека проектот „Сејф сити“ е во тест-фаза.

216

Скопјани интензивно бараат начини да избегнат санкции од системот „Сејф сити“, па поради тоа нагло се зголеми бројот на преземања на апликацијата „Waze“, достапна за уредите со „Android“ оперативен систем и за „iOS“, која им нуди увид во сите камери што го мерат сообраќајниот прекршок.

Граѓаните велат дека ова им е најбрзо и најсигурно решение додека проектот „Сејф сити“ е сè уште во тест-фаза и до 1 јануари испраќа само опомени, а потоа ќе започне со процесуирање на казните.






Во меѓувреме, возачите ширум земјата масовно ја користат „Waze“ за да се приспособат на новите правила и да ги избегнат ненамерните прекршоци.

Корисниците веќе дигитално ја мапираа речиси целата мрежа на камери од „Сејф сити“, што им овозможува да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера.

Фото: Принтскрин

Апликацијата „Waze“ нуди неколку функции кои ја прават исклучително популарна во моментов:

– прецизна мапа на фиксни, мобилни и новопоставени камери,

– гласовно предупредување при приближување до камера,

– информации за полиција, радари, работи на пат и метеж,

– автоматско пресметување на најбезбедна рута со сите критични точки,

– можност за пријавување нови камери од страна на возачите.

Самата заедница на корисници ја ажурира мрежата постојано, па така за само 48 часа бројот на пријавени камери драстично порасна. За многумина, „Waze“ стана единствената гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од новите сообраќајни мерки на „Сејф сити“.

Поврзани содржини