Во последните 24 часа, починаа рекордни 30 пациенти. Најмногу, шест пациенти починати се од Скопје (57, 66, 80, 64, 54 и 68), пет од Куманово (58, 64, 67, 68 и 78), еден пациент од Штип (67).
Тројца починаа од Прилеп (58, 57 и 72), пет од Тетово (83, 60, 62, 69 и 58), еден од Битола (78), пет од Кавадарци (73, 74, 70, 77 и 70), еден од Гостивар (67).
Двајца заболени од ковид-19 се од Радовиш (71 и 68) и еден пациент од Кочани (52).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 691 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 41.222, бројката на оздравени пациенти е 24.920, на починати е 1.186.
Бројот на активни случаи изнесува 15.116.